септември 19, 2017

Уште една позитивна приказна на општествената одговорност

Шпаркасе банка и Црвен крст на град Скопје заеднички се вклучија во поддршката на старите лица во градот Скопје преку социјалните сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Шпаркасе банка е еден од донаторите на овој проект, но во рамките на оваа соработка интензивно ќе се вклучат дел од вработените кои на терен ќе ја практикуваат како корпоративната така и индивидуалната општествена одговорност. За подготовката на терен да биде целосна, Црвен крст на град Скопје оддржа дисеминациска сесија за заинтересираните лица минатата недела (15.09.2017-петок). На оваа заедничка средба вработените во банката разбраа малку повеќе за историјатот и активностите на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а се споделија и идеи за начините на кои тие можат да дадат поддршка во заедницата.

< врати се назад