септември 24, 2018

Успешна реализација на 27-тиот државен натпревар по Прва Помош

Црвениот крст на Република Македонија на 22. 09. 2018 година по 27 – ти пат го организираше државниот натпревар по прва помош, каде овој пат домаќин беше Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Кичево.  

На натпреварот  учествуваа 28 младински екипи од општинските организации на Црвениот крст на РМ. Натпреварувањето се одржа на две траектории за натпреварување А и Б, составени од 7 бази, од кои 4 од областа на првата помош, 2 имаа забавен карактер и 1 база претставуваше тест од областа на дисеминацијата. Оваа година мотото на Државниот натпревар ˮ Немаш уште еден живот. Научи прва помошˮ. беше во духот на одбележување на Светскиот ден за Прва помош, посветен на првата помош во случај на сообраќајни несреќи.

Првото место оваа година им припадна на енергичните и одлично подготвените волонтери од екипата на ООЦК Центар,  второто место и припадна на екипата на ООЦК Куманово, додека трето пласирана беше екипата на ООЦК Чаир.

Во категоријата на дисеминација, која исто така имаше натпреварувачки карактер првото место го освои ООЦК Радовиш.

На најдобрите екипи им беа  доделени и пригодни награди како мотивација за продолжување на нивниот ентузијазам и придонес во областа на првата помош.

За време на  свечениот дел на отворањето и затворањето на натпреварот волонтерите беа поздравени од страна на  Градоначалникот на Општина Кичево д-р Фатмир Дехари, Претседателот на Црвен крст на Кичево г-дин Емин Зејно, и Генералниот секретар на Црвен крст на РМ г-дин Саит Саити, додека официјалното прогласување на победниците го објави Претседателот на комисијата за прва помош на Црвен крст на РМ д-р Бурак Шабани.

Им благодариме на сите кои неуморно ги покажаа своите одлични способности за укажување на прва помош онаму каде што е најпотребно. Црвениот крст на РМ  и Општинската организација на Кичево им се заблагодарува на сите учесници кои го дадоа својот допринос за успешното одржување на 27-тиот Државен натпревар по прва помош.

 

< врати се назад