февруари 27, 2018

Ви треба помош-јавете се во Црвен крст

Во овие зимски снежни денови ако сте на возраст над 60 години и живеете во Охрид, волонтерите на Црвен крст на Република Македонија- Општинска организација Охрид ќе Ви помогнат доколку имате потреба да одите на лекар, во аптека, продавница и сл.

 

Ве очекуваме да се јавите на телефон 070 315-309 каде ќе можете да дадете податоци за видот на Вашата потреба и адресата на живеење.
Црвен крст Охрид, секогаш Ваш пријател.

< врати се назад