декември 4, 2018

Волонтери во акција

По повод 05 Декември, денот на волонтерство, од страна на Министерство за здравство со поддршка од волонтерите на Црвен крст на град Скопје и 5-те општински организации беше реализирана акција за покревање на свеста за одржување на хигиената на Клиничкиот центар и воедно чистење од отпад на клиничкиот центар, каде заедно со вработените на Клиничкиот центар, студенти од медицинскиот факултет и ученици од Средното медицинско училиште беа дел од акцијата. Од страна на Црвен крст беа присутни 40 волонтери кои дадоа значителен допринос и поддршка на акцијата. Дополнително беше ангажиран и Тим за одговор при катастрофи при Црвен крст на град Скопје со тим за прва помош во текот на акцијата.

 

< врати се назад