април 13, 2018

Волонтирање и практицирање

Ивана е дипломиран социјален работник и веќе 3 години е член на тимот патролни социјални работници на Црвен крст на град Скопје. Со колегите од тимот секојдневно разговараат со социјално загрозените и ранливите лица. Со поддршка на Црвениот крст ги ублажуваат проблемите во нивното секојдневие, но се обидуваат и да најдат долгорочни решенија и прават поврзувања со институциите со цел остварување на одредени права. Среќна е бидејќи имаше можност своето академско образование да го надополни со пракса заради која стана поотворена, покомуникативна и она што е особено важно во нејзината професија, емотивно созреа. Таа е член и на ТОК (тим за одговор при катастрофи), а минатата година како волонтер на Црвен крст имаше можност и да ја помине обуката за парамедици организирана од страна на Воено медицински центар. Таа е весела и позитивна девојка и им порачува на сите дека волонтирањето ти дава чувство на сигурност и корисно исполнето време.

< врати се назад