април 11, 2017

“Волшебно велигденско дрво”

Во пресрет на празникот Велигден, Црвениот крст на град Скопје во соработка со Ramstore Mall, Комерцијална банка и ЈУ Центар за социјална работа организира настан “Волшебно велигденско дрво”. Настанот е посветен за 39-те деца и младинци кои го посетуваат “Дневниот центар за лица со церебрална парализа-Капиштец”.

Лицата од Центарот на 20 Март ги запишаa своите желби на наменски картички-велигденски јајца и заедно со волонтерите на Црвениот крст  ги  закачија  на големото “Волшебното велигденско дрво”. Сите хумани граѓани кои  го посетија велигденското катче во ТЦ Рамстор како и ученици преку организирани работилници, имаа можност да ги исполнат желбите на лицата од Центарот и да придонесат за нивна среќа.

Доделувањето на подароците ќе биде на 12.04.2017 година (среда) во 11:00 часот во просториите на ТЦ Рамстор.

Активноста е во рамките на проектот за поддршка и социјализација на деца и младинци со посебни потреби поддржан од а.д Комерцијална банка, каде Црвен крст на град Скопје 8 година по ред реализира различни активности со цел олеснување на животот и потребите на овие лица и нивна полесна интеграција во општеството.

< врати се назад