мај 26, 2017

Заедничка вежбовна активност за животоспасувачи на АРМ и Црвен крст на РМ

На 26ти мај, 2017 година  на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје, Армијата на Република Македонија во рамките на одбележувањето на 25 години од постоењето и долгогодишната одлична соработка со Црвениот крст на Република Македонија, реализираше заедничка вежбовна активност за животоспасувачи на АРМ и Црвениот крст на Република Македонија.

Целта на вежбата беше да се прикаже заедничката  подготовеност, како и брзиот,навремен и адекватен одговор при различни катастрофи и кризни состојби, особено во згрижување на поголем број на повредени лица.

На свеченоста присуствуваа и се обратија високи претставници од АРМ, како и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити.

Саити истакна дека Црвениот крст на Република Македонија и АРМ негуваат заеднички вредности во насока на заедничко справување со кризите, каде Црвениот крст секогаш ги става во функција и ги нуди своите капацитети во фунцкија на спасување на животите на луѓето.

 

< врати се назад