март 1, 2017

Запознајте ја Rama Estef

Rama Estef е од Алепо, Сирија, има 21 година. Во Македонија е од 6-ти март 2016 година, седум месеци била сместена во транзитен центар во Табановце. Во нашата земја таа не е сама, тука е со своите двајца браќа, еден постар од неа а другиот помлад. Родителите се уште им се во Алепо и од време на време комуницираат. Тажна е Рама кога зборува за нив. Со браќата одлучиле да побараат азил во нашата земја. Велат сакаат да останаат тука. Им се допаѓа земјата, луѓето се фини, љубезни, добри. Од таа причина веќе не се во кампот туку живеат во Скопје, а помалиот брат веќе оди и во училиште. Среќни се. Од пред некој ден таа ја носи униформата на Црвениот крст, стана волонтер во редовите на нашата организација. Редовно со тимот на Црвениот крст оди во транзитниот центар Табановце и им преведува на своите сонародници бидејќи Рама покрај арапскиот го зборува и англиски јазик. Таа е весела, позитивна и решила да ги гледа нештата од друга страна, од страната каде не престануваме да веруваме.

 

< врати се назад