октомври 22, 2018

Застапување и комуникација пред медиумите

Црвениот крст на РМ и здружението Хуманост во рамки на Регионалниот проект „Преземање на активности за социјална инклузија на старите лица“ , финансиран од Европската Унија, во периодот од 19 до 21 октомври 2018 година во Центарот  Солферино“ во Струга одржаа работилница на тема „Застапување и комуникација пред медиумите“. Целта на работилницата беше членките на мрежата ИнклузиваМ за социјална инклузија на старите лица да се стекнат со знаења и вештини за застапување и комуникација пред медиумите. За едукацијата на  работилница беше ангажиран вон. проф. д-р Марјан Танушевски, новинар- уредник на МИА. На работилницата учествуваа вкупно 24 претставници на здруженијата на граѓани, членки на мрежата ИнклузиваМ, претставници на здруженијата на граѓани добитници на под грантови за имплементација на микро проекти за социјална инклузија на стари лица и претставници на владини институции.

Во текот на работилницата беа опфатени следните теми: Потреба, фактори и услови за застапување и комуникација пред медиуми; Сличности и разлики на процесите на застапување и лобирање во медиумите; Комуникации пред медиуми, јавно говорење, страв од јавен настап; Директно и индиректно комуницирање со јавноста; Застапување и комуницирање пред традиционални и нови медиуми, комуницирање во кризни ситуации.

Во интерактивниот процес на работилницата беа реализирани повеќе вежби, дебати и дијалози во функција на комуникациските вештини на учесниците за застапување пред медиумите. Споделените искуства на едукативната работилница ќе бидат од корист и во функција на секојдневните активности и мисијата на мрежата на здруженијата на граѓани ИнклузиваМ.

 

< врати се назад