јуни 20, 2022

23-то Генерално собрание на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвената полумесечина

Во периодот 19-21.06.2022 година во Женева, Швајцарија се одржува 23-Генерално собрание на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвената полумесечина. За време на седницата е предвиден избор на нов Претседател, 5 потпретседатели и 20 членови на Раководниот одбор на МФЦК за претстојните 4 години. Покрај изборите предвидено е усвојување на повеќе политики и документи од исклучително значење за работата на МФЦК и националните друштва. Од Црвениот крст на Република Северна Македонија на Генералното собрание учествуваат д-р Саит Саити – Генерален секретар и Владимир Вукелиќ – стручен соработник за меѓународна соработка и развој.

< врати се назад