Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
28 ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

2019-09-19

28 ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 21 и 22 септември 2019 година во Битола го организира 28-от по ред Државен натпревар на екипите по прва помош.

Оваа година Државниот натпревар по прва помош ќе се одржи под мотото Твоето незнаење чини живот”.  

На државниот натпревар по прва помош ќе земат учество 28 екипи, каде натпреварот ќе се одвива во две траектории, на секоја ќе настапат по 14 екипи, ќе се работи на 7 работни места од кои 4 работни места ќе бидат од првата помош на кои ќе бидат опфатени 12 повреди и една реанимација за срцево-белодробно оживување, две работни места ќе бидат со забавно рекреативен карактер и на едно работно место ќе има тематика за познавање од областа на дисиминација.

Свеченото отворање на Државниот натпревар на екипите по прва помош е предвидено на 21 септември 2019 година во 11:30 часот кај градскиот парк – Битола и натпреварот ќе се одвива од 11:00 – 17:30 часот, а прогласување на победници ќе биде на 22 септември 2019 во плоштад Магнолија – Битола

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025