
2015-09-30
Орландо Блум го посети пунктот на Црвениот крст на РМ
Како амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ, познатиот англиски актер, Орландо Блум ги посети мигрантите во граничниот премин кај Гевгелија и пунктот на Црвениот крст на Република Македонија.
Блум имаше средба со волонтерите на Црвениот крст на Република Македонија каде го запозна со клучните активности на Црвениот крст кои се реализираат на терен за поддршка и помош на мигрантите.