8 Tetor, 2013

Хумана иницијатива на Aлфа БанкаХумана иницијатива на Aлфа БанкаХумана иницијатива на Aлфа Банка

image001Црвениот крст на град Скопје, постојано е активен во промовирањето и унапредување на крводарителството. Таа промоција се реализира преку традиционалните крводарителски акции како и акциите иницирани во соработка со здруженија, фондации, фирми, компании.

По иницијатива на менаџментот во Алфа банка, на 25.09.2013 година, во периодот од  17:00-20:00 часот, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажаа 20 вработените во оваа банка. Акцијата се одвиваше во просториите на Дневниот центар за дарување крв кој се наоѓа во ДХО „Даре Џамбаз“.

Преку оваа крводарителска акција, вработените лица и менаџментот на банката покажаа висок степепен на алтруизам и хуманост и се позитивен пример и за останатите субјекти во нашето опкружување. Оваа позитивна практика е воедно и чекор плус во процесот на континуирано снабдување со крв и крвни продукти непходни за непречено задоволување на потребите на Клиничките центри и пациентите за кои оваа драгоцена течност значи живот

< kthehu mbrapa