Red Cross Shape
„Жените во црвено“

2025-03-10

„Жените во црвено“

По повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената, Црвениот крст на РСМ, под мотото „Жените во црвено“ денес организираше свечен настан во хотел „DoubleTree by Hilton“ – Скопје.  

Овој настан беше посветен на жените кои со својата хуманост, посветеност и пожртвуваност оставаат значаен придонес во заедницата со цел да ја истакнеме улогата на жените во хуманитарните активности и да оддадеме признание за нивната неуморна работа.

На настанот се доделија јубилјелни признанија на пензионирани секретари на Црвениот крст на различни нивоа во националното друштво, претставуваат значајна фигура во историјата на нашата организација. Тие не само што ја воделе организацијата  во периоди на предизвици, туку и оставиле незаборавен белег во развојот на хуманитарните иницијативи и програмите за помош на ранливите групи во општеството.

Признание доби:Емина Адеми пензиониран секретар на Црвениот крст, Невенка Христова, пензиониран секретар на општинската организација на Црвен крст Делчево, Елена Наумческа пензиониран секретар на општинската организација на Црвен крст Гостивар, Недиме Шејдоска пензиониран секретар на општинската организација на Црвен крст Кичево, Стојанка Коцева пензиониран секретар на општинската организација на Црвен крст Кочани, Анка Стојановска пензиониран секретар на општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, Зора Ѓуровска пензиониран секретар на општинската организација на Црвен крст Ресен, Нада Кузманова, пензиониран секретар на општинската организација на Црвен крст Кратово и Тодорка Јаневска пензиониран секретар на општинската организација на Црвен крст Карпош.

Други вести

Промоција на платформа за соработка со Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Доделување на јубилејна плакета на Универзитет “Гоце Делчев” – Штип
Доделување на јубилејна плакета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom