Red Cross Shape

2025-03-16

Почитувани,

Со голема жал, денес не потресе веста за страшната трагедија која се случи во Кочани и однесе многу млади животи. Изразуваме длабоко сочувство, поддршка и солидарност до семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани. На повредените им посакуваме што побрзо закрепнување, сила и храброст да ги пребродат овие тешки моменти.

Во моментите на тага останува сите ние да останеме солидарни и да продолжиме да ја обезбедуваме потребната поддршка за сите семејства погодени од овој трагичен настан. Црвениот крст, во рамките на своите надлежности и расположливи капацитети е заедно со семејствата на настраданите и обезбедуваме најразличен вид на поддршка во Кочани и во другите градови каде има сместено повредени лица во болниците.

Изразувајќи сочувство со болката на семејствата на настраданите и повредените, сакаме да ве информираме дека Црвениот крст на РСМ донесе одлука, Свечената академија по повод одбележувањето на 80 – годишнината од формирањето на Црвениот крст на РСМ која требаше да се одржи на 18 март 2025 година под покровителство на претседателката на РСМ Гордана Силјановска Давкова ќе се одложи на неопределен период.

Останува сите заедно да бидеме обединети и солидарни во овие моменти на болка и да продолжиме да ја обезбедуваме неопходната поддршка за граѓаните на нашата земја.

Со почит,
Црвен крст на РСМ

Други вести

Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Кочани
Ревизорски извештај за фактичките наоди

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom