Red Cross Shape
САИТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО В.Д ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ

2025-04-24

САИТИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО В.Д ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА КОЧАНИ

На ден 23 април 2025 година Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити оствари средба со вршителот на должноста градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски. На средбата Генералниот секретар информираше за преземените активности на Црвениот крст за помош на настраданото население во пожарот во Кочани, за што од самиот почеток во функција беа ставени сите механизми за хуманитарна поддршка со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош и материјална помош. Градоначалникот беше информиран и за реализираните средства собрани од апелот на Црвениот крст за помош на настраданото население.
Генералниот секретар на средбата истакна дека Црвениот крст останува посветен и во престојниот период на следење на развојот на ситуацијата настаната од пожарот во Кочани и обезбедување на континуирана соодветна поддршка на населението во Кочани.
На средбата градоначалникот изрази голема благодарност за посветеноста и пружената помош на Црвениот крст.

Други вести

Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Регионален центар за ментално здравје и психо-социјална поддршка во Кочани
Ревизорски извештај за фактичките наоди

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom