Red Cross Shape
18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе

2025-10-18

18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе

Црвениот крст на Република Северна Македонија како член на  Секретаријатот на  Националната Комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција преку имплементација на превентивни активности дава придонес во борбата против овој глобален проблем што се рефлектира и во нашата земја. Во таа насока Црвениот крст на РСМ и оваа година се вклучува во одбележување на 18 Октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе со организирање на превентивни активности  за врсничка едукација  на младата популација преку Црвениот крст на град Скопје и  општинските организации на Црвениот крст. По повод денот ќе бидат организирани 30 работилници за превенција со млади од основни и средни училишта, со волонтери од Клубови на млади на Црвениот крст.

Превентивните лекции имаат за цел подигање на свеста на младите, препознавање на  начините преку кои можат да бидат вовлечени во трговијата со луѓе и нивна самозаштита. Трговијата со луѓе е сериозен општествен проблем и претставува најтешка форма на кршење на основните човекови права – правото на живот, на слободно движење, на слобода на избор и други права и слободи. Трговијата со луѓе е проблем кој бара заеднички пристап за негово сузбивање и вложување на заеднички напори од соодветните релевантни институции. 

Други вести

Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ
Резултати за ПХВ програма за циклус 2026!

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom