Red Cross Shape
21 Мај – Денот на осамостојувањето на Црвен крст на Република Северна Македонија

2026-05-21

21 Мај – Денот на осамостојувањето на Црвен крст на Република Северна Македонија

Денес одбележуваме 34 години од осамостојувањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија — значаен датум кој претставува почеток на самостојно, организирано и посветено хуманитарно дејствување во служба на граѓаните.

На денешен ден, 1992 година, Црвениот крст на Република Македонија донесе Одлука за осамостојување, симболично следејќи го патот на независноста на државата.

Во 1992 година Црвениот крст започна ново поглавје во хуманитарното дејствување на организацијата, водено од основните принципи на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина: хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволна служба, единство и универзалност.

Во 1994 година е донесен и првиот Закон за Црвениот крст на Република Македонија. По осамостојувањето, македонската влада на 25 август 1993 година ги ратификува Женевските конвенции од 1949 година и Дополнителните протоколи од 1977 година.

На 1 ноември 1995 година, Националното друштво беше признаено од Меѓународниот комитет на Црвениот крст, а на 27 ноември истата година стана полноправна 169-та членка на Меѓународната федерација на друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Низ годините, Црвениот крст постојано ја потврдува својата мисија – да биде поддршка и помош таму каде што е најпотребно. Од згрижување на бегалци, помош при кризни состојби и катастрофи, до секојдневна грижа за ранливите категории граѓани, организацијата останува симбол на солидарност, хуманост и човечност.

Денес, со гордост се потсетуваме на ова значајно историско поглавје и продолжуваме посветено да ја негуваме хуманоста, како трајна вредност и водилка во нашето делување.

Други вести

ЗАЈАКНАТО ПАРТНЕРСТВОТО МЕЃУ ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ И ТУРСКАТА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
ГРАДИМЕ САМОДОВЕРБА, ПОТТИКНУВАМЕ МОТИВАЦИЈА
ПАРТНЕРСТВО, ИСКУСТВО И ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom