Red Cross Shape
24 Јуни – Годишнина од Битката кај Солферино

2025-06-24

24 Јуни – Годишнина од Битката кај Солферино

Историски настан што го промени светот

На денешен ден, 24 јуни 1859 година, се одигра една од најзначајните и најкрвавите битки на 19 век – Битката кај Солферино. Таа претставува не само важен воен судир во рамките на борбите за обединување на Италија, туку и пресвртница во развојот на хуманитарното право и современата грижа за жртвите на војна.

 

Историски контекст

Битката се случи во близина на малото село Солферино, во северна Италија, помеѓу:

  • Француско-сардинската коалиција (предводена од Наполеон III и кралот Виктор Емануел II)
  • Австриската војска (предводена од царот Франц Јозеф I)

Во судирот учествуваа над 300.000 војници, а за еден ден загинаа, беа ранети или исчезнаа повеќе од 40.000 луѓе. Оваа масакр сцена, без соодветна медицинска помош, остави длабока трага во историјата.

 

Приказна за една идеја

Случаен сведок на трагедијата бил швајцарскиот хуманитарец Анри Динан, кој, шокиран од страдањата на ранетите, организирал локално население да им помогне – без оглед на нивната националност. Подоцна ќе ја напише книгата „Сеќавање на Солферино“, која ќе стане темел на ново движење.

 

Од ужас – до хуманост

Сцените на ужас и страдање оставија длабок впечаток врз швајцарскиот трговец Анри Динан, кој случајно се нашол таму. Шокиран од тоа што видел, Динан го напиша делото “Сеќавање на Солферино” и покрена иницијатива за создавање на неутрална хуманитарна организација – Црвениот крст

 

Денес, 24 јуни, се сеќаваме на Солферино – не само како место на голема битка, туку како симбол на раѓањето на хуманоста во време на војна.

Други вести

Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom