Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Четврти состанок на Платформата за дијалог за намалување на ризикот од катастрофи организиран од УНДП

2025-05-29

Четврти состанок на Платформата за дијалог за намалување на ризикот од катастрофи организиран од УНДП

На 28 мај 2025 година, во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), се одржа четвртиот состанок на Платформата за дијалог за намалување на ризикот од катастрофи. На состанокот присуствуваа номинираните членови од претставници на националните институции за кризен менаџмент, амбасади во Република Северна Македонија, како и претставници од Црвениот крст. На средбата присуствуваше и генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити.

Присутните имаа можност да се запознаат со јапонскиот систем за управување со кризи и намалување на ризици од катастрофи.

На крајот од работниот состанок се разви дискусија која се фокусираше на програмските приоритети на партнерите за намалување на ризици, препораките за интервенции, поддршката од донаторската заедница и темите што ќе бидат предмет на дискусија на следниот состанок.