Red Cross Shape
Црвениот крст на РСМ со донација од 22.000 евра за подобрување на условите во Клиниката за трауматологија

2025-10-14

Црвениот крст на РСМ со донација од 22.000 евра за подобрување на условите во Клиниката за трауматологија

Црвениот крст на Република Северна Македонија донираше 22.000 евра за поддршка на набавка на опрема за Клиниката за трауматологија во Скопје.

Со оваа донација, која вклучува болнички кревети, клима-уреди, наткасни, инвалидски колички, торзи, сталаци за инфузија, постелнина, ќебиња и друга неопходна медицинска и болничка опрема, се овозможуваат значајни подобрувања на условите за лекување и престој. Придобивки од оваа донација ќе имаат како пациентите, така и медицинскиот персонал, кој секојдневно се грижи за најтешко повредените и болни лица.

Црвениот крст на РСМ и понатаму останува доследен на својата хуманитарна мисија – да биде таму каде што е најпотребно, преку континуирана и конкретна поддршка на здравствените установи, ранливите категории граѓани и сите оние кои имаат потреба од помош.

Други вести

КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ
Резултати за ПХВ програма за циклус 2026!
ПХВ подготвителна работилница, 05-07 јуни, Солферино-Струга

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom