Red Cross Shape
Градоначалникот на Општина Кисела Вода во посета на Црвениот крст на РСМ

2025-08-13

Градоначалникот на Општина Кисела Вода во посета на Црвениот крст на РСМ

Денес, градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, оствари официјална посета на седиштето на Црвениот крст на РСМ. Градоначалникот беше пречекан од генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, со кого оствари средба.

На средбата се разговараше за можностите за продлабочување на соработката меѓу Општина Кисела Вода и Црвениот крст, со посебен фокус на хуманитарните активности, социјалната поддршка за ранливите категории и ангажманот на младите волонтери.

Оваа посета претставува потврда на заложбите за заедничко дејствување во насока на подобрување на условите за живот на граѓаните, особено на оние на кои им е потребна поддршка.

Други вести

ЗАЈАКНАТО ПАРТНЕРСТВОТО МЕЃУ ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ И ТУРСКАТА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
ГРАДИМЕ САМОДОВЕРБА, ПОТТИКНУВАМЕ МОТИВАЦИЈА
ПАРТНЕРСТВО, ИСКУСТВО И ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom