Red Cross Shape
„Летен камп на Оперативни сили на ЦКРСМ – Сарај 2026“

2026-06-05

„Летен камп на Оперативни сили на ЦКРСМ – Сарај 2026“

На 5 јуни 2026 година, во Сарај, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија, се одржа „Летен камп на Оперативни сили на ЦКРСМ – Сарај 2026“, настан посветен на унапредување на подготвеноста и капацитетите за дејствување во итни и кризни ситуации.

Кампот ги обедини припадниците на оперативните сили на Црвениот крст од различни делови на државата, кои преку практични вежби, симулации, тимска работа и размена на искуства ги надградија своите знаења и вештини за ефикасно справување со предизвиците во услови на кризи и вонредни состојби.

На свеченото отворање на настанот се обратија генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Саит Саити, и заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, кои ја истакнаа важноста на меѓуинституционалната соработка и континуираното јакнење на капацитетите за одговор при катастрофи и итни состојби.

Во рамки на кампот активно беа вклучени претставници на Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Северна Македонија, локалната самоуправа и Црвениот крст, демонстрирајќи високо ниво на координација и заедничко дејствување на терен.

Црвениот крст на Република Северна Македонија упатува искрена благодарност до сите учесници, организатори, институции и поддржувачи кои придонесоа за успешната реализација на настанот и за понатамошно јакнење на системот за подготвеност и одговор при кризни ситуации.

        

Други вести

ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ПРАГА
СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА, ГРАДИМЕ КАПАЦИТЕТИ, ЈА ЗАЈАКНУВАМЕ ХУМАНОСТА
ПХВ НЕДЕЛА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom