Red Cross Shape
Национален младински камп за 2025 година

2025-08-04

Национален младински камп за 2025 година

Националниот младински камп „100% Црвен крст“ се одржа од 18 до 24 јули 2025 година во Извидничкиот камп „Скаут“ во Струга. На кампот учествуваа 58 волонтери од 28 клубови на млади на општински организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје. Кампот претставува интензивна и содржајна еднонеделна обука наменета за стекнување знаења и вештини поврзани со организирање и активирање на младите во клубовите на млади, подобро запознавање со структурата и активностите на Националното друштво. Посебен акцент беше ставен на планирање и спроведување на младински иницијативи на локално и национално ниво.

Во текот на кампот, секој ден се разработуваа различни тематски области поврзани со младинската работа, лидерството и активизмот. Учесниците имаа можност да се вклучат во сесии посветени на пристапот „млади за млади“, мапирање на потребите на младите, користење дигитални алатки за младинска промоција, вмрежување и мобилизација, развој на локално младинско работење, практична тимска работа, како и менталното здравје во клубовите на млади.

Кампот започна со свечено отворање, при што свои поздравни обраќања упатија Претседателот на Црвениот крст на РСМ, проф. д-р Ромел Велев, и Претседателката на млади, Александра Сандева. Во рамки на агендата на кампот, имаше и сесија на која присуствуваше Генералниот секретар на ЦКРСМ, д-р Саит Саити, кој со младите дискутираше за перспективите и можностите за унапредување на младинското делување на локално и национално ниво.

Во вечерните часови беа организирани тимски и забавни активности кои придонесоа за зајакнување на меѓусебната соработка, градење доверба и развој на тимски дух меѓу учесниците. Кампот придонесе кон зајакнување на капацитетите на младинските лидери, нивното меѓусебно вмрежување и инспирација за понатамошно активно делување во рамки на Црвениот крст.

Други вести

ЗАЈАКНАТО ПАРТНЕРСТВОТО МЕЃУ ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ И ТУРСКАТА ЦРВЕНА ПОЛУМЕСЕЧИНА
ГРАДИМЕ САМОДОВЕРБА, ПОТТИКНУВАМЕ МОТИВАЦИЈА
ПАРТНЕРСТВО, ИСКУСТВО И ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom