Red Cross Shape
Обраќање на Претседател проф д-р Ромел Велев Свечена академија по повод 80 години Црвен крст на РСМ

2025-05-21

Обраќање на Претседател проф д-р Ромел Велев Свечена академија по повод 80 години Црвен крст на РСМ

Дозволете ми најнапред да се придружам кон искрените честитки на Генералниот секретар и да изразам длабока благодарност за вашето присуство на овој значаен јубилеј.

Ми претставува особена чест и привилегија да ви се обратам во овој величествен храм на македонската култура, каде што заедно го одбележуваме 80-годишното постоење на Црвениот крст на Македонија – организација која е синоним за хуманост, солидарност и надеж.

Ова е јубилеј што зборува за континуитет, раст и посветеност. Осум децении исполнети со ангажман, напорна работа и љубов кон човекот.

Години во кои сме се соочувале со предизвици, сме учеле, сме се адаптирале, но секогаш сме останале верни на мисијата – да бидеме таму каде што најмногу треба.

Црвениот крст на Македонија денес гордо стои како дел од едно глобално хуманитарно движење, но воедно и како органска компонента на нашето општество – растен, граден и поддржан “од луѓето – за луѓето”.

Нашето патување започна во 1945 година, веднаш по Првото заседание на АСНОМ, со основачкото собрание на 17 март. Од тие скромни почетоци до денес, оваа организација ја одразува историјата на нашата земја и нејзините граѓани.

Во текот на овие осум децении, Црвениот крст на Македонија не беше само сведок, туку и активен учесник и столб на поддршка во најтешките мигови.

Од грижата за бегалците по Втората светска војна, до помошта за стотици илјади бегалци и раселени во воените конфликти на Балканот, па сè до соочување со современите предизвици како мигрантската криза и пандемијата на “Ковид-19”, нашата посветеност никогаш не ослабна.

Во природните катастрофи – како катастрофалниот земјотрес во Скопје, големите поплави низ земјата, земјотресите и катастрофите во соседните и подалечните земји – секогаш бевме на првата линија на помошта.

Кога тлото се тресеше, кога водата носеше домови, кога огнот голташе села, ние не прашувавме – туку делувавме.

На меѓународно ниво, нашиот ангажман е симбол на солидарност, од Турција и Индонезија, преку Шри Ланка и Јапонија, до балканските и европските земји погодени од поплави и земјотреси.

Во моменти на уништување, ние ја градевме довербата меѓу народите.

Делувавме и при трагични настани на домашно тло – во пожари, сообраќајни несреќи и други трагедии – нудејќи поддршка на повредените и утеха на ожалостените. Секогаш таму каде што болката бара утеха, а надежта нов почеток.

Преку сите овие предизвици, Црвениот крст остана симбол на надеж и солидарност. Ние не само што ја носевме надежта – ние ја претворавме во дела.

За нас, “80 години – ние гледаме луѓе“, не е само слоган. Тоа е нашето длабоко уверување. Вредност што нѐ движи.

Верување дека секој човек, без разлика на вера, етничка припадност или социјален статус, заслужува внимание, грижа и почит.

Дами и господа,

Овој јубилеј не е само прослава на минатото – тој е и повик за иднината. Тој нè потсетува дека хуманоста нема возраст, нема граници, нема крај. Нашето најголемо богатство се луѓето – и оние на кои им помагаме, и оние кои се доброволци, дарители, вработени и поддржувачи.

Кога ќе погледнеме назад, ќе видиме илјадници волонтери со препознатливата маичка и амблем, како со насмевка, но и со умор во очите, ја носат хуманоста таму каде што најмногу недостасува.

Ќе ги видиме како даруваат крв, обезбедуваат прва помош и психосоциална подршка, храна и лекови, спроведуваат обуки, подготвуваат пакети за ранливите, овозможуваат нега на стари и лица со посебни потреби и помагаат без да прашаат „зошто“ – Бидејќи тие знаат зошто.

Црвениот Крст на Република Северна Македонија не е само организација – тоа е движење. Тоа е совест на општеството.

Тоа е траен завет за грижа, достоинство и човечност.

Трансформацијата која ја започнавме, не е само проект – тоа е нашата посветеност да се прилагодиме, да се обновиме, да останеме релевантни и силни во едно општество што постојано се менува.

Во тој процес ја препознаваме дигитализацијата како клучен катализатор, но и партнерството – со институциите, бизнис секторот, граѓаните и заедниците – како неопходен елемент за создавање на трајни решенија.

Сепак, највредната иновација останува хуманоста. Способноста да се препознае потребата, да се реагира со грижа и да се остави позитивна трага.

Иднината не ја предвидуваме, туку ја градиме. Со знаење, со иновации, со волонтери, со луѓе. Затоа што, кога ќе кажеме „Ние гледаме луѓе“, ние всушност кажуваме – Гледаме срца, гледаме потенцијал, гледаме иднина.

На крајот, дозволете ми уште еднаш да Ви се заблагодарам за вашето присуство, за вашата посветеност и доверба. Заедно покажуваме дека “Иако можеби сме мали по бројки, сме големи по срце”. Сакаме, можеме и знаеме – дури и тогаш кога е најтешко.

Стоиме исправени, подготвени за иднината и уште многу години ќе чекориме по патот на хуманоста.

Нека ни е честит 80-годишниот јубилеј на Црвениот крст на Македонија.     

Ви благодарам.

 

Други вести

Честит 8 Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Црвениот крст доби плакета од МВР по повод Денот на полицијата
Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2026 година

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom