- Организација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДругоОрганизација и развојМеѓународна соработкаСоцијално – хуманитарни програмиПодготвеност и одговор при катастрофиСлужба барање – Воспоставување на семејни врскиЗдравствено – превентивни програмиПрва помошУнапредување на крводарителствотоДисеминација и МХПОдноси со јавностМенаџмент со волонтери и членовиДруго

2026-03-17
Обраќање по повод 17 Март – Денот на основањето на Црвениот крст на РСМ и Денот на крводарителството
Почитувани колеги, волонтери и пријатели,
Дозволете ми од името на нашата организација да Ви го честитам 17-ти март – Денот на основањето на Црвениот крст на РСМ и Денот на крводарителството и да Ви се заблагодарам за вашиот севкупен придонес во развојот на нашата организација која повеќе од седум децении претставува столб на хуманоста, солидарноста и поддршка за најранливите, секогаш присутна онаму каде било најпотребно – во време на кризи, природни непогоди и социјални предизвици.
Годишнините се можност да се навратиме на нашата историја и да се потсетиме на вредностите врз кои е изградена нашата организација, но и да оддадеме признание на сите генерации волонтери и вработени кои несебично се вложиле во нејзиниот развој. Тие се потсетник на нашата хуманитарна мисија и на одговорноста што ја носиме кон заедницата, но и поттик да продолжиме со уште поголема посветеност во справувањето со современите предизвици и во градењето похумано и посолидарно општество.
Но годишнините треба исто така да не потсетат дека нашата работа не завршува со успешно справување со одредена кризна состојба или одредена кампања или акција. Нашата мисија претставува континуирана обврска и заложба кон заедницата – за заштита на животот и здравјето на луѓето и градење млади генерации кои ќе споделуваат хумани вредности, и посветеност да продолжат да ја негуваат солидарноста, емпатијата и хуманоста како темели на нашето општество.
Денес во општественото опкружување постојано сме сведоци на бурни случувања, кризи, неизвесности и социјални предизвици, каде нашата улога е поважна од кога и да е. Како помошник на државата во хуманитарната сфера, секојдневно ја потврдуваме нашата мисија – да им обезбедуваме поддршка на луѓето на кои таа им е најпотребна.
На денешниот ден, со особена почит и длабока тага се сеќаваме на трагичниот пожар во Кочани минатата година кој за жал се случи токму пред нашиот последен јубилеј. Бевме таму, со нашите сограѓани и претставувавме мост на хуманитарните напори на сите наши сограѓани кои обезбедуваа поддршка за настраданите и нивните семејства. Црвениот крст мора секогаш да биде таа обединувачка сила. Организација која се родила како одговор на страдањата и болката на луѓето. Организација која е секогаш подготвена со поддршка на своите волонтери, да биде заедно со луѓето кога им е најтешко. Да споделиме болка, сочувство, емпатија но и верба дека и најлошите моменти во животот може понекогаш да бидат позитивен почеток за луѓето, искра на надеж дека хуманоста е тука за сите кои се нашле во невоља.
Во периодот што следи, нашата задача останува јасна – да инвестраме во развојот на нашата организација, да ја зајакнуваме нашата подготвеност и да ги надградуваме нашите капацитети и знаења. Да создаваме нови партнерства, да бидеме иновативни и да работиме заедно во креирање на ефикасен одговор на современите предизвици. Само обединети, со силна посветеност кон хуманите вредности, можеме да ја оправдаме довербата на граѓаните во Црвениот крст. Ви благодарам на сите за вашата пожртвуваност, ентузијазам и несебична работа. Се надевам дека сите заедно ќе продолжиме да работиме на градење похумано и посолидарно општество.
Нека ни е честит Денот на Црвениот крст!
Со почит,
д-р Саит Саити
Генерален секретар
Други вести
Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ
Резултати за ПХВ програма за циклус 2026!


Мултимедиа
ПРИНЦИПИ
ХУМАНОСТ
ЕДИНСТВО
УНИВЕРЗАЛНОСТ
ДОБРОВОЛНОСТ
НЕУТРАЛНОСТ
НЕПРИСТРАНОСТ
НЕЗАВИСНОСТ
Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2026

























