Red Cross Shape
Обука за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво

2026-04-09

Обука за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво

Тренинг центарот Солферино во Струга, беше домаќин на обуката за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво. Обуката се одржа во периодот од 06-08 април, 2026 година.

Цел на обуката беше запознавање на општинските организации на Црвениот крст во Република Северна Македонија со активностите, трендовите и предизвиците со кои се соочува Службата Барање во Црвениот крст на РСМ. Беа опфатени неколку теми: Историја на Службата Барање; правната рамка; услуги кои ги нуди Службата и кој може да има корист од нив; заштита на лични податоци; алатки за воспоставување семејни врски; превенција на раздвојување семејства; мрежата за воспоставување семејни врски во Репбулика Северна Македонија итн. Сите овие теми беа проследени со многу примери и практични вежби за поголемо приближување на темите до учесниците.

Главен предавач на обуката беше Иван Антониќ, одговорен за програмата Воспоставување семејни врски при Регионалната канцеларија на Меѓународниот Комитет на Црвен крст (ICRC) во Белград, кој во оваа пригода доби и благодарница од Црвениот крст на Република Северна Македонија за долгогодишната соработка и придонес кон остварувањето на целите на нашето национално друштво поврзани со Службата Барање.

Модератори и предавачи на обуката беа претставници на централната канцеларија на ЦКРСМ и ЦКГС, а активно учество на истата земаа секретари и вработени од општинските организации на Црвен крст Радовиш, Струмица, Неготино, Кичево, Гостивар, Куманово, Охрид, Прилеп, Струга, Крива Паланка, Велес, Тетово, Берово, Кавадарци, Кочани, Свети Николе, Битола, Штип, Центар, како и претставниците на мобилните тимови во Транзитните центри Винојуг и Табановце.

   

Други вести

Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ
Резултати за ПХВ програма за циклус 2026!

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom