Red Cross Shape
„Помислете и на нас“

2025-10-15

„Помислете и на нас“

Светскиот ден на храната се одбележува секоја година на 16 октомври и промовира свесност за гладот и акција за иднината на храната, луѓето и планетата. На овој ден, повеќе од 150 земји се обединуваат за да ја подигнат свеста за проблемите поврзани со сиромаштијата и гладот. Според најновите статистички податоци за сиромаштијата во Светот, приближно 9,1% од светското население е погодено од глад. Тоа се повеќе од 735 милиони луѓе кои немаат доволно храна за да водат здрав и активен живот.

Во нашата земја според податоци на Државниот завод за статистика во 2022 година стапката на сиромашни лица изнесува 22.9 %. Под прагот на сиромаштија живеат 451.900 лица.

Црвениот крст на Република Северна Македонија и оваа година се вклучува во глобалните акции за борбата против гладта со организирање на кампања „Помислете и на нас“ во рамки на „Неделата на борба против гладта“, која ќе се спроведе од 16 до 22 октомври преку општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните. Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка  на компании,  образовно – воспитни институции, здруженија на граѓани, и  граѓаните.

Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ:
300000001327966
Даночен број: 4030984271620
АД Комерцијална банка Скопје
со назнака за кампањата „Помислете и на нас“
како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви:
070/075/077 143 400

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.

Други вести

Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ
Резултати за ПХВ програма за циклус 2026!

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom