Red Cross Shape
Претставување на програмата на кандидатот за Претседател на Црвениот крст

2026-06-19

Претставување на програмата на кандидатот за Претседател на Црвениот крст

На 18.06.2026 година, во хотелот Marriott во Скопје, се одржа претставување на програмата на кандидатот за Претседател на Црвениот крст на Република Северна Македонија, Др. Лилјана Ристевска.

Пред присутните претставници на организацијата, партнери, поддржувачи и гости, Др. Ристевска ги презентираше своите визии, приоритети и стратешки насоки за понатамошен развој и унапредување на работата на Црвениот крст. Во своето обраќање таа ја истакна важноста на хуманоста, солидарноста, волонтерството и зајакнувањето на капацитетите на организацијата во служба на граѓаните и заедницата.

Настанот беше можност за отворен дијалог и размена на идеи за иднината на Црвениот крст, со заедничка цел – создавање посилна, поефикасна и уште поблиска организација до потребите на луѓето.

 

Други вести

ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ПРАГА
СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА, ГРАДИМЕ КАПАЦИТЕТИ, ЈА ЗАЈАКНУВАМЕ ХУМАНОСТА
ПХВ НЕДЕЛА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom