Red Cross Shape
Работилница за групна поддршка на помагачи и вработени во Црвен крст

2026-03-24

Работилница за групна поддршка на помагачи и вработени во Црвен крст

Во месец март се одржа работилница за групна поддршка на помагачи и вработени во Црвен крст на Република Северна Македонија, водена од лиценциран психолог и волонтер на Центарот за ментално здравје.

Темата на работилницата беше граници, а во неа учествуваа 5 вработени и волонтери, кои имаа можност да ги истражуваат различните видови граници преку телесна работа, движење, цртеж и пишување. Вакви работилници помагаат во развивање самопознание, подобрување на справувањето со стрес, унапредување на меѓучовечките односи и поддржување на внатрешната рамнотежа на помагачите и вработените.

Исто така, учесниците добија информации за достапност на индивидуални средби доколку почувствуваат потреба за дополнителна поддршка. Ваквите активности создаваат простори за раст, учење и зајакнување на менталното здравје на тимот.

Други вести

ПАРТНЕРСТВО, ИСКУСТВО И ЗАЕДНИЧКА ВИЗИЈА
НОВА ЕНЕРГИЈА ЗА ДИСЕМИНАЦИЈАТА
САИТ САИТИ И ФАТИХ ШАХБАЗ СО НОВИ ХУМАНИТАРНИ ПРОЕКТИ

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom