Red Cross Shape
Реализирана обука за предавачи и демонстратори по прва помош

2026-06-22

Реализирана обука за предавачи и демонстратори по прва помош

Во периодот од 20 до 21 јуни 2026 година, во просториите на Црвениот крст на Република Северна Македонија се одржа обука по прва помош за нови предавачи и демонстратори. Обуката беше наменета за лица кои ќе ја реализираат наставната програма за оспособување кандидати за возачи на моторни возила за укажување прва помош на лица повредени во сообраќајни незгоди, како и за кандидати за предавачи по прва помош во работни организации.

На обуката учествуваа вкупно 29 кандидати од 13 општински организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје. Во текот на дводневната едукација, учесниците активно се вклучија во практичниот дел од програмата, при што покажаа висок степен на заинтересираност, знаење и подготвеност за усвојување на нови вештини.

Обуката беше успешно реализирана, а нејзината цел е зајакнување на капацитетите на Црвениот крст преку создавање нови, стручно оспособени предавачи и демонстратори по прва помош. Тие ќе имаат важна улога во пренесувањето на знаењата и вештините од областа на првата помош на кандидатите за возачи на моторни возила, како и на вработените во работните организации.

Со ваквите обуки, Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжува да придонесува кон подигнување на нивото на подготвеност и безбедност во заедницата преку едукација и промоција на првата помош.

  

Други вести

ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ПРАГА
СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА, ГРАДИМЕ КАПАЦИТЕТИ, ЈА ЗАЈАКНУВАМЕ ХУМАНОСТА
ПХВ НЕДЕЛА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom