Red Cross Shape
Средба на Генералниот секретар на Црвениот крст Саити со министерот Лимани

2024-07-23

Средба на Генералниот секретар на Црвениот крст Саити со министерот Лимани

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити денеска се сретна со Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани

На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу министерството и Црвениот крст и развиените социјални услуги, како што се: помош и нега во домот, лична асистенција, дневен престој за стари лица со активно стареење и други. Истите се достапни за граѓаните на локално ниво, во местото на живеење на корисниците, а за чија реализација министерството има склучени договори за грант.

Генералниот секретар, Саити информираше и за останатите проекти на кои работи Црвениот крст, како услугата „Итно копче“, достапна за повозрасните граѓани, за функционирањето на Пунктот за бездомници „Момин поток“, како и други видови на поддршка на ранливите категории на граѓани.

Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување на воспоставената соработка, преку проширување на обемот на заедничките проекти, кои ќе бидат во интерес на граѓаните и нивната благосостојба.

Други вести

Саити оствари средба со претседателката на МФЦК/ЦП, Кејт Форбс
Обука за воспоставување семејни врски / Служба Барање – основно ниво
Работилница за психо-социјална поддршка на онколошки пациенти

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom