Red Cross Shape
СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНОТО ДРУШТВО

2025-05-20

СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА НА ЦРВЕН КРСТ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ПО ПОВОД 80 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА НАЦИОНАЛНОТО ДРУШТВО

По повод одбележувањето на осум децении од своето фомирање, под високо покровителство напретседателот на Република Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давокова на 19 мај 2025 година Црвениот крст на РСМ одржа Свечена академија во Македонскиот Народен Театар во присуство на бројни домашни и меѓународни гости. Јубилејотбеше одбележан под слоганот „Ние гледаме луѓе“, потсетувајќи на елементарните вредности и принципи на организацијата како што се хуманоста, солидарноста и делување во служба на луѓето.

 

На свечената академија присуствуваа претседателката Сиљановска-Давкова, претседателот на Собранието Африм Гаши, првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, амбасадори, пратеници, градоначалници, претставници на Владата, правосудството, државните и образовните институции и медиумите. Настанот беше збогатен и со присуство на делегации од националните друштва на Црвен крст од Грција, Албанија, Хрватска, Србија, Бугарија и Црна Гора. 

 

На Свечената академија беше изведена театарска претстава во режија на Снежана Конеска Руси на која актерската група на маестрален начин го престави  историјатот и работата на Црвениот крст на РСМ низ 80 децениското дејствување во нашата земја. Свечената академија беше збогатена и со две прекмузички изведби Свечената академија беше збогатена и со две прекрасни музички изведби на Даут Даутовски и Ментор Сулејмани. 

 

Претседателката Сиљановска-Давкова посебен акцент во своето обраќање стави на значењето на формирањето на Црвениот крст на Македонија како една од првите одлуки на асномска Македонија поттикувајќи го градењето на чувство на заедништво и солидарност во државата. Таа особено потенцираше дека од сега па натаму, во нашата индивидуална и колективна меморија, 16 март – денот на кочанската трагедија и 17 март – денот на Црвениот крст ќе бидат врежани како датуми во кои страдањето и солидарноста, тагата и утехата, болката и хуманоста ќе бидат нераздвојно поврзани.

 

Во своето поздравно обраќање генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити истакна дека оваа вечер треба да ги поврзе луѓето не само по титули и улоги, туку по вредностите што не прават луѓе. Тој потенцираше дека човекот не се мери по тоа што го има, туку по тоа што го дава и и дека организација на Црвениот крст и во иднина ќе ги негува хуманите вредности кај сите генерации промовирајќи солидарност, еднаквост и грижа, и свет во кој хуманоста не е опција — туку потреба. 

 

Претседателот на Црвен крст, Ромел Велев истакна дека ова е јубилеј што зборува за континуитет, раст и посветеност – осум децении исполнети со ангажман, напорна работа, љубов и грижа за човекот. Тој исто така се наврати на значењето и придонесот на Црвениот крст од 1945 година до денес како организација која претставува активен учесник и столб на поддршка за граѓани во нивните најтешки мигови.

 

На Свечената академија на Црвениот крст на РСМ беше доделено и највисокото признание на организација „Медал на Црвениот крст на РСМ.”Добитници на признанието се: претседателката на РСМ, Гордана Силјановска-Давкова, претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши, претседателотна Владата на РСМ, и Министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. 

 

Исто така, на Свечената академија, на генералниот директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје – Живко Мукаетов му беше доделена Плакета на Црвениот крст на РСМ во знак на благодарност на „Алкалоид“ АД Скопје – како најголем поддржувач на хуманитарните апели на Црвениот крст. На настанот беше доделен и чек-донација на Црвениот крст на РСМ во висина од 1.200.000 денари за опремување на едно крило во Одделот за трауматолигија при Клинички центар Мајка Тереза.

 

По повод јубилејот, Свечената академија беше збогатена и со пригодна изложба на фотографии во која беа претставени 45 фотографии од историскиот развој на Црвениот крст на РСМ.

Други вести

Честит 8 Мај – Светски ден на Црвен крст и Црвена полумесечина
Црвениот крст доби плакета од МВР по повод Денот на полицијата
Организирање на регионални натпревари по прва помош за 2026 година

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom