Red Cross Shape
Учество на Црвениот крст на регионален тренинг за заштита на постари жени

2026-06-04

Учество на Црвениот крст на регионален тренинг за заштита на постари жени

Црвениот крст на Република Северна Македонија учествуваше на регионалниот тренинг „Препознавање и одговор на злоупотреба и насилство врз постари жени“, организиран во рамките на проектот SHAPE – Strengthening Health, Access, Participation and Social Equity in Western Balkan Countries. Тренингот се одржа во Белград, Република Србија, во периодот од 1 до 3 јуни 2026 година.

Обуката им овозможи на учесниците да ги унапредат своите знаења и вештини за препознавање на различните форми на злоупотреба и насилство врз постарите лица, со посебен акцент на постарите жени. Воедно, беа разгледани пристапи и механизми за обезбедување соодветна поддршка, заштита и навремена интервенција во случаи на насилство и злоупотреба.

Настанот претставуваше значајна платформа за размена на искуства и добри практики меѓу организациите од регионот, како и за зајакнување на меѓусебната соработка во насока на подобрување на квалитетот на животот, безбедноста и достоинството на постарите лица. Во рамките на настанот беше реализиран и партнерски состанок на организациите имплементатори на проектот SHAPE, посветен на следните активности и понатамошната координација на проектните цели.

 

Други вести

ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ ЗА МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ ВО ПРАГА
СПОДЕЛУВАМЕ ИСКУСТВА, ГРАДИМЕ КАПАЦИТЕТИ, ЈА ЗАЈАКНУВАМЕ ХУМАНОСТА
ПХВ НЕДЕЛА

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom