Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Учество на одбележување на годишници на Хрватскиот Црвен крст

2023-10-26

Учество на одбележување на годишници на Хрватскиот Црвен крст

Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити учествуваше на одбележувањето на 145 години од основањето на Хрватскиот Црвен крст, кое се одржа во Задар.

По повод годишницата од основањето но и по повод 70 години имплементација на програма за доброволно крводарување во Хрватска и 30 години од признавањето на Хрватскиот Црвен крст како самостојно национално друштво организирани се повеќе настани во градот Задар  меѓу кои и свечена седница, хуманитарен концерт, театарска претстава, промоција на детска сликовница, симулациска вежба, откривање на спомен плоча и крводарителска акција.