Red Cross Shape
Заедничка работилница на претставници од Црвениот крст на РСМ и Норвешкиот Црвен крст

2025-10-13

Заедничка работилница на претставници од Црвениот крст на РСМ и Норвешкиот Црвен крст

Во периодот од 10 до 12 октомври 2025 година, во Центарот за обуки „Солферино“ – Струга, се одржа заедничка работилница меѓу збратимените организации на Црвениот крст на Република Северна Македонија (Црвен крст на град Скопје, Општинска организација на Црвен крст Охрид) и Норвешкиот Црвен крст (Црвен крст Осло, Црвен крст Мор ог Ромсдал).

Работилницата собра 33 учесници, од кои 30 беа млади волонтери од двете земји, со цел размена на искуства и добри практики за унапредување на волонтерската работа и активностите насочени кон младите.

Фокусот на работните сесии беше насочен кон: Улична медијација и ненасилно решавање конфликти, со кои се занимаваа волонтерите од Скопје и Осло, Ментално здравје кај младите, тема обработена од тимовите на Охрид и Møre og Romsdal.

Покрај едукативниот дел, работилницата вклучи и културна програма, преку која учесниците имаа можност подобро да ја запознаат македонската култура и традиција: Организирана посета на градот Охрид со туристички водич, Традиционална македонска вечер со национални јадења и настап на фолклорното друштво „Драслајчанка“

Работилницата придонесе кон продлабочување на долгогодишната соработка помеѓу двете национални друштва, поттикнување на нови заеднички иницијативи и поставување темели за идни разменски програми во рамки на годишниот план за акција.

Овој настан е дел од билатералниот договор за соработка помеѓу Црвениот крст на Република Северна Македонија и Норвешкиот Црвен крст за периодот 2025–2027 година.

       

Други вести

Оглас – Самостоен стручен соработник за финансиско работење во Црвен крст на Република Северна Македонија
КОНСТИТУИРАН НОВИОТ СОСТАВ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ЦКРСМ
Резултати за ПХВ програма за циклус 2026!

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom