Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАШИОТ ТИМ!

2025-05-27

ПРИДРУЖЕТЕ СЕ НА НАШИОТ ТИМ!

Доколку сте професионална, доверлива, добро организирана и мотивирана личност и сакате да работите во динамична атмосфера со можност за напредок во кариерата, Ве поттикнуваме да се приклучите на организацијата која нуди широки можности.

Црвен крст на Република Северна Македонија е хуманитарна организација која работи на спречување и ублажување на човековото страдање, заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедувајќи почит и достоинство за човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовира меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнува доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како и универзално чувство за солидарност и хуманост.

Централната канцеларија на Црвен крст на Република Северна Македонија објавува оглас за работното место:

Асистент на Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија

Адреса: Црвен крст на Република Северна Македонија
бул. Кочо Рацин бр.13, Скопје

Потребни квалификации:

Образование: Завршено високо образование од областа на општествените науки (правни, политички студии, социјални студии, јавна администрација, бизнис администрација)
Работно искуство: Минимум 2 години на слична позиција во областа на административно-канцелариското работење (офис менаџмент)
Јазик: Течно говорење и пишување на англиски јазик
Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи: Microsoft Teams, Zoom.

Лични карактеристики:

Висок личен интегритет и деловна култура
Одлични комуникациски, организациски и аналитички способности
Способност за работа под притисок и запазување куси временски рокови
Способност за работа во тим
Иновативност и креативност
Мотивираност и лојалност кон организацијата и нејзините цели
Подготвеност за учење и професионален развој
Чувство за мултикултурализам, недискриминација и толеранција

Работни должности:

Подготвување на дневната работна агенда на Генералниот секретар и Претседателот;
Водење грижа за комуникациите со странки на Генералниот секретар и Претседателот;
Координирање на комуникацијата со владини и невладини организации, локалната самоуправа и јавните институции во земјата и странство;
Закажување состаноци и средби по задолжение на Генералниот секретар;
Присуствување на состаноци и средби по задолжение на Генералниот секретар и составување белешки од истите;
Подготвување на информации, извештаи и службени белешки од одржани состаноци и средби на Генералниот секретар во и надвор од канцеларијата на ЦКРСМ;
Подготвување на писма и дописи од својата област на работа;
Вршење преводи за потребите на Генералниот секретар на состаноците и средбите со претставници од меѓународните организации и институции;
Редовно и навремено испраќање информации за планирани настани на кои учествува Генералниот секретар до одговорното лице за Односи со јавност;
Организирање на службените патувања на Генералниот секретар;
Придружување на Генералниот секретар на службени патувања во и надвор од земјата;
Соработка со раководителите и пренесување барања и информации до Генералниот секретар;
Координирање на соработката на Генералниот секретар со секретарите на ООЦК и секретарот на ЦКГС;
Советување и информирање на Генералниот секретар за конкретни активности;
Вршење на други работни задачи по задолжение на Генералниот секретар.

Дополнителни информации:

Заинтересираните кандидати можат да испратат биографија на: mrc@redcross.org,mk

Рокот за пријавување е 10.06.2025 година.

Ве очекуваме.

Со добиените податоци ќе се постапува согласно Законот за заштита на лични податоци.