декември 29, 2020

ЦКА-ПХВ програма во 2021 година

Согласно моменталната ситуацијата во земјата, а со цел заштита на здравјето на волонтерите во организацијата, ЦКА-ПХВ програмата и во 2021 година ќе претрпи одредени измени. Бидејќи нема да може да се случуваат обуки со физичко присуство, преку програмата ќе се зајакнуваат капацитетите на волонтерите на ниво на целата држава, согласно условите во кои сега дејствуваме.

Почнувајќи од 22 јануари 2021 година, секој четврток од 18.00 часот ќе се реализираат обуки за волонтери на ниво на целата држава, од сите ООЦК. ЦКА-ПХВ инструкторите на волонтерска база ќе ги држат обуките за сите заинтересирани младинци. Темите ќе бидат најразлични, преку предавања за тимска работа, вештини на презентирање, кариерни советувања, поддршка во заедница, вештачка интелегенција, вовед во психологија и филозофија и многу други нешта. Месечно ќе се случуваат 4 работилници, или за десет месеци ќе се реализираат 40 работилници на кои се очекува учество ќе земат околу 7.000 младинци.

Заедно можеме повеќе!

< врати се назад