август 9, 2021

Црвен крст и понатаму е на терен

 
Црвен крст на РСМ преку мобилниот тим на општинска организација на Црвен крст Делчево активно е вклучен во логистичка поддршка на институциите и граѓаните ангажирани за гаснење на пожарот во Делчевско- Пехчевскиот регион. Изминатите два дена беа дистрибуирани уште 306 шишиња вода од 0.5 литри, 234 шишиња вода од 1.5 литри и 250 сендвичи. Мобилниот тим пружи прва помош кај одредени лица кој имаа мали повреди.
< врати се назад