октомври 16, 2020

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Скопје јавно објавува Барање за прибирање понуди бр.1/2020

Црвениот крст на Република Северна Македонија – Скопје јавно објавува Барање за прибирање понуди бр.1/2020

Набавувач: Црвен крст на Република Северна Македонија, со седиште на Бул. Кочо Рацин бр. 13, Скопје, тел.02 3114 – 355.

Понудувач: Секое правно лице регистрирано за вршење на дејноста согласно со предметот на набавка

Опис на набавка: Проект – Активности на Црвен крст на РСМ за одговор на COVID 19, поддржан од Меѓународна Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина (Договор со Меѓународна Федерација бр. 3LMX023732 и анекс на договор бр. CLMX025889).

Црвениот крст на Република Северна Македонија ги поканува сите соодветно квалификувани заинтересирани понудувачи да достават затворени понуди за:

  • Пакети со храна – семејни;
  • Пакети со средства за хигиена – семејни.

Секој заинтересиран понудувач може да достави понуда за било која од горенаведените ставки во описот на набавката.

Документацијата за набавката која содржи опис на набавка, инструкции за понудувачи (спецификации или посебни документи), општи и посебни услови на договор за понудувачот, може да се подигне во Црвен крст на Република Северна Македонија, од 19.10.2020 до 22.10.2020 година, во периодот од 11:00 до 15:00 часот (во архивата на Црвен крст на Република Северна Македонија).

Комплетните технички и финансиски понуди треба да се достават во посебни затворени пликоа (А4 формат, бел), со назнака НЕ ОТВОРАЈ и повик на Барањето за прибирање  понуди бр. 1/2020, на горенаведената адреса секој ден од 11:00 до 15:00 часот, најдоцна до 22.10.2020 година до 15:00 часот.

Црвен крст на Република Северна Македонија го задржува правото да прифати или одбие било која од понудите без давање на било какво образложение и не е обврзан да ја прифати најниската понуда.

 

Црвен крст на Република Северна Македонија

Комисија за набавки

 

Техничка спецификација за Барање за прибирање понуди бр.1/2020

Предмет на набавка: Пакети со храна

 

 

Набавка

Спецификација

Количина

1.

Пакети со храна

Брашно тип 400 5/1 пакување

1

3.470 пакети

Шеќер 1 кг.

1

Масло за јадење 1 лит.

2

Сол 1 кг.

1

Ориз 1 кг.

1

Грав 450 гр. пакување

1

Конзервирана риба 90 гр.

6

Готова конзервирана храна 400 гр.

4

Тестенини 500 гр.

2

Сув квасец 10 гр.

10

Чај филтер 20/1

2

 

 

 

 

 

       Содржина на понудата:

            – Име, адреса и седиште на понудувачот

            – Опис на понудената набавка

– Поединечна и вкупна цена со пресметан ДДВ и други давачки

– Рок, начин и услови на плаќање

– Рок на испорака

 

 Потребна документација:

– Извод од регистрација на дејноста;

– Доказ за бонитетот од Централниот регистар;

– Доказ дека не е поведена постапка за стечај или ликвидација;

– Потврда од Управа за јавни приходи за платени даноци, придонеси и други јавни давачки;

– Уверение дека со правосилна пресуда не е изречена мерка на безбедност – забрана за вршење на дејност;

  • Преглед на фирми со кои е остварена соработка, односно се нивни добавувачи;

 

Посебни услови:

  • Доказ за годишен обрт на средства на понудувачот во последната година минимум 10.000.000 евра
  • Банкарска гаранција за обезбедување на набавката (при склучување на договор со најповолен понудувач) 10% од вкупната вредност на набавката
  • Кон понудата задолжително е достава на еден примерок од секој понуден производ поединечно. Црвен крст на РСМ не ги плаќа понудените примероци и не е должен да ги врати на понудувачот.
  • Рокот на траење на понудените производи да не е пократок од 1 година
  • Бесплатна достава на барање на нарачателот на територијата на Република Северна Македонија
  • Рок на испорака 5 дена од добивање на писмената нарачка

 

Понудите кои не ја содржат бараната документација нема да бидат предмет на разгледување.

 

< врати се назад