Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Донација на училишни материјали и прибор за децата од ранливи категории

2024-09-19

Донација на училишни материјали и прибор за децата од ранливи категории

Со цел да им помогнат на семејствата од социјално ранливите категории во полесно надминување на предизвиците при набавка на училишни материјали и прибор, вработените во Финмак покренаа иницијатива за донација на нови и употребени, но употребливи училишни материјали, кои на дечињата ќе им овозможат подеднакво да уживаат во своето ново образовно поглавје.

Донацијата беше реализирана во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија кој ќе се погрижи собраните донации да бидат доставени до лицата на кои оваа помош им е најпотребна. Покрај донацијата на училишни материјали, ќе биде реализирана и донација на парични средства во вкупен износ од 49.000 ден. кои клиентите на Финмак ги донираат во кутиите за донации на Црвениот крст  поставени во сите филијали на компанијата ширум државата.  Средствата ќе бидат наменети за набавка на училишен прибор во согласност со динамиката на потреби утврдени од општинските организации на Црвениот крст.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025