Red Cross Shape
8-МИ МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА

2025-05-08

8-МИ МАЈ – СВЕТСКИ ДЕН НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА

Секоја година Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина го одбележува 8-мај Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, во чест на Анри Динан, основоположникот на Движењето, кој е роден на 8 мај 1828 година. На овој ден националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина ширум светот посебен акцент стават на значењето на основните принципи и вредности, оддавање признание за придонесот на членовите и волонтерите и искажување благодарност до партнерите за поддршката која ја обезбедуваат за Црвениот крст.  Во периодот од 8-15 Мај, Црвениот крст на РСМ традиционално ја одбележува и Неделата на Црвениот крст на РСМ со пригодни активности ширум државата.

Движењето на Црвениот крст и Црвена полумесечина првично се формирало за да им помогне на ранетите на бојното поле и да се воспостават хуманитарни стандарди во општеството. Со текот на годините, во Црвениот крст научивме да правиме многу други нешта во интерес на нашите сограѓани, се со цел да одговориме на современите предизвици и да понудиме помош и поддршка заедно со нашите партнери на луѓето на кои сме им потребни и кои го очекуваат тоа од Црвениот крст како една од најголемите хуманитарни организации во светот.

Посебно ни е драго што Црвениот крст на Република Северна Македонија кој годинава одбележува 8 децении од своето постоење, прерасна во современа неутрална и независна организација која дава посебен придонес во унапредување на социјално-хуманитарните и здравствено-превентивните  состојби на различни категории на население во државата. Нашето национално друштво  исто така дава посебен придонес во вршењето на помошна улога на властите во државата, пред се на полето на обезбедување на помош и поддршка на населението погодено од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот.

Годинава 8-Мај – Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина во Движењето се одбележува под мотото “На страната на хуманоста” со цел да им оддадеме посебно признание на нашите волонтери и членство за нивната континуирана хуманитарна поддршка но и да укажеме на значењето на основните принципи, со посебен акцент на хуманоста како основа за нашата хуманитарна работа без која не би било можно да се реализираат останатите принципи.

Да се ​​биде хуман значи да се има срце полно со дух и желби да им се помогне на луѓето. Секој од нас игра важна улога во заедницата, за да биде попријатно место за живеење и делување. Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Ве покануваме сите заедно да продолжиме да бидеме на страната на хуманоста во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе бидат најважни од се.

Им посакуваме честит 8-мај, Светски Ден на Црвениот крст и Црвена полумесечина на сите наши волонтери, членови и вработени и ги покануваме сите хумани луѓе да бидат дел од нашата хуманитарна приказна.

 

Други вести

Среќен 8 Март!
Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom