Red Cross Shape
ЦРВЕНИОТ КРСТ И ИНСТИТУЦИИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО – 5 ДЕКЕМВРИ

2025-12-05

ЦРВЕНИОТ КРСТ И ИНСТИТУЦИИТЕ ГО ОДБЕЛЕЖАА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ВОЛОНТЕРСТВОТО – 5 ДЕКЕМВРИ

Денес на 5-ти декември, Црвениот крст на РСМ го одбележа Светскиот ден на волонтерството во партнерство со Собранието на РСМ и со локалните самоуправи ширум државата, промовирајќи ја улогата на волонтерството како основна вредност на солидарност, човечност и граѓанска одговорност. Централниот настан се одржа во Скопје каде што околу дваесетина пратеници волонтираа на осум различни пунктови на Црвениот крст. По инструктивната средба која се одржа во Црвениот крст на РСМ и ориентирањето на пратениците од Собранието на РСМ за планираните волонтерски задачи кои треба да се извршат, волонтирањето беше спроведено на следниве пунктови на Црвениот крст на РСМ: Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење Чаир каде волонтираше Претседателот на Собранието на РСМ, Африм Гаши во придружба на генералниот секретар на Црвен крст на РСМ Саит Саити додека пратениците волонтираа во Центарот за обука по прва помош, Нега центарот, Пунктот за облека – Копче, Центарот за крводарување на Црвен крст на РСМ во ДХО Даре Џамбаз, Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост „Пролет“, Пунктот за бездомници и Магацинот на Црвен крст на РСМ во Момин поток и Центарот за дневен престој на стари лица за активно стареење во ДХО Даре Џамбаз.

Општинските организации на Црвениот крст исто така спроведоа слични активности во своите средини, вклучувајќи претставници на локалните самопуправи во промовирање на волонтерството – таму каде што волонтерската работа започнува и има најсилно влијание.

Активностите опфатија пакување и дистрибуција на хуманитарни пакети, поддршка за бездомници, помош на стари и изнемоштени лица во домашни услови, организирање социјални активности за лица од трето доба, поддршка за лица со попреченост, како и промотивни активности од областа на првата помош, крводарителството и други хуманитарни и социјални дејности во заедниците.

Во рамки на одбележувањето, беше потпишана Парламентарна декларација за поддршка на волонтерството во Собранието на РСМ, а во повеќе општини беа потпишани и Општински декларации како потврда на зајакнатата поддршка за волонтерите и за изградба на посилни и посолидарни заедници. По повод овој ден, во Собранието на РСМ беше доделена и Благодарница за волонтерите на Црвениот крст на РСМ кои беа вклучени во операцијата за поддршка на населението погодено од пожарот во Кочани. Свои обраќања на настанот во Собранието на РСМ имаа претседателот Африм Гаши и генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити и претседатетол на Црвен крст на РСМ, проф. д-р Ромел Велев кои го истакнаа значењето на волонтерскиот придонес во надминување на различните предизвици со кои се соочуваат различни целни категории на население кои се опфатени со активностите на Црвениот крст како и значењето соработката помеѓу државните институции и Црвениот крст како помошник на властите во државата на хуманитарен план.

Светскиот ден на волонтерството нè потсетува дека силата на секоја заедница произлегува од луѓето кои одлучуваат да му помогнат на некој друг. Со заедничкото одбележување заедно со националните институции и локалните власти, Црвениот крст на РСМ ја испраќа истата глобална порака: секое волонтерско дело – мало или големо – е значајно и создава промена. Реализираните активности на 5 декември придонесоа за подигање на свеста за важноста на волонтерството во пресрет на глобалните иницијативи на Обединетите нации, кои ја прогласија 2026 година за Меѓународна година на волонтерството за одржлив развој.

Други вести

Продолжување и унапредување на долгогодишната соработка меѓу Црвениот крст на РСМ и Македонски Телеком
16 години заедно за похумано и инклузивно општество
25 август 1993 – Република Македонија ги прифати Женевските конвенции и Дополнителните протоколи

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom