Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Доделени признанија на Црвениот крст на РСМ

2024-12-25

Доделени признанија на Црвениот крст на РСМ

Признанија на Црвениот крст  „Златен поддржувач“ и Сребрен подрджувач˝ во знак на благодарност на партнерите за остварената плодна соработка и поддршка,  беа доделени денес на пригоден настан  кој се одржа во Црвениот крст на РСМ.

На настанот се обрати г-дин Саит Саити – Генерален секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија кој истакна дека со поддршка на претпријатијата  како општествено одговорни, реализиравме бројни активности и општествени иницијативи во интерес на различни целни групи. Заедно со партнерите продолжуваме да обезбедуваме релевантна и навремена хуманитарна помош и сме посветени и обврзани да го правиме тоа сега и во иднина. Долгорочна определба на Црвениот крст е остварување на соработка и градење на стратешки партнерства со голем број компании во земјата за заеднички придонес во намалување на ранливоста на населението во заедницата.

Во знак на благодарност за поддршката која ја обезбедуваат нашите партнери за имплементација на општествено социјални проекти и хуманитарни активности, Црвениот крст додели признанија „Златен поддржувач“ на НЛБ Банка АД Скопје и Пивара АД Скопје, и „Сребрен поддржувач“ на Везе Шари-Тетово, Пекабеско АД Скопје и LC Waikiki.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025