Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Генералниот секретар на Црвениот крст, Саити, во посета на ООЦК Битола

2025-08-14

Генералниот секретар на Црвениот крст, Саити, во посета на ООЦК Битола

Денеска, Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, Саит Саити, ја посети Општинската организација на Црвен крст Битола. Посетата се реализираше во периодот кога организацијата спроведува активности за реконструкција на просторот, со цел негово прилагодување за развој на нови социјални услуги во заедницата.

Реконструкцијата е наменета за воспоставување на Центар за дневен престој за стари лица, како и за обезбедување на услуги како помош и нега во домот, лична асистенција за лица со попреченост и итно копче. Итно копче е услуга  наменета за луѓе над 65 години кои живеат сами, корисници на услугата „Помош и нега во домот“ и други изнемоштени лица кои живеат сами, корисници на услугата „Дневен центар за стари лица“.

Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саити, за време на посетата, од страна на претседателката на ООЦК Битола, Лилјана Ристевска, беше информиран за активностите што организацијата ги спроведува, како и за предизвиците и плановите за идниот развој.