Red Cross Shape
Генералниот секретар на Црвениот крст во посета на Општина Делчево

2026-06-24

Генералниот секретар на Црвениот крст во посета на Општина Делчево

Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити, оствари работна средба со градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

На средбата беше разговарано за досегашната успешна соработка помеѓу Црвениот крст на Македонија и Општина Делчево, како и за можностите за нејзино понатамошно унапредување преку реализација на заеднички активности насочени кон поддршка на ранливите категории граѓани, развој на младинскиот волонтеризам и поттикнување на младинските иницијативи.

Двете страни ја потврдија својата подготвеност за продолжување и продлабочување на партнерството во насока на зајакнување на хуманитарните активности и создавање подобри услови за локалната заедница.

Во знак на благодарност за поддршката и солидарноста што Црвениот крст на Македонија ја обезбеди за Делчево за време на двете елементарни непогоди, како и за успешната меѓусебна соработка, градоначалникот Гоцевски му врачи Благодарница на генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ, д-р Саит Саити.

Други вести

Конститутивно-изборна седница на Собранието на Црвен крст на Република Северна Македонија
Учество на младински состанок во Солферино, Италија
Пехар за Делчево, Тетово, Свети Николе и Демир Хисар

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom