
2025-04-01
Присуство на Национално собрание на млади на Бугарски Црвен крст
Во периодот од 28 до 29 март 2025 година делегација од младите на Црвен крст на Република Северна Македонија присуствуваше на Национално собрание на младите на Бугарскиот Црвен крст, кое се одржуваше во Бургас.
Во текот на Собранието, учесниците дискутираат за различни теми поврзани со хуманитарната работа, младинските иницијативи и улогата на младите во промовирањето на вредностите на Црвениот крст. Дополнително, беше дадена важност на соработката меѓу националните друштва на ЦКРСМ и БЦК и на начините како да се подобри партнерството во програмите кои ги вклучуваат младите волонтери.