Red Cross Shape
Интервентна единица за одговор при катастрофи

2025-10-01

Интервентна единица за одговор при катастрофи

Во рамки на проектот „Воспоставување на интервентен тим на Црвениот крст на Република Северна Македонија“, финансиран од Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во септември 2025 година беше реализирана обука со членовите на новоформираната Интервентна единица за одговор при катастрофи.

Единицата брои 45 членови, составена од професионалци и волонтери. Поради обемот на активностите и целта за ефикасна вклученост на сите учесници, обуката беше спроведена во три групи. Интервентната единица е организирана во повеќе тимови, со примарна задача да реагира во првите 72 часа по настанување на катастрофа.

Во текот на обуката, членовите на единицата поминаа низ следните тематски целини:

  • Улогата на Црвениот крст во системот за управување со кризи во државата
  • Оперативните сили на ЦКРСМ и нивната улога во одговор при катастрофи
  • Брза проценка
  • Безбедност во кризни ситуации
  • Дисеминација и кодекс на однесување
  • Комуникација и координација во кризни состојби
  • Прва психолошка помош
  • Научени лекции – Пожарот во Кочани

Со воспоставувањето на оваа полупрофесионална интервентна единица, Црвениот крст на Република Северна Македонија очекува значително зголемување на ефикасноста и подготвеноста за навремен и координиран одговор при идни катастрофи.

Други вести

Недела на борба против ракот
Исплата на хуманитарна помош – финансиска поддршка за настраданите од пожарот во Кочани
Психо-социјална поддршка за деца евакуирани од поплавите во Кичево

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2025

Активности поврзани со пожарот во Кочани

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
Logo unhcrLogo pivaraLogo NLBLogo IOM UNLogo grad skopjeLogo Austria federal ministryLogo АлкалоидLogo https://www.ifrc.org/Logo ICRCLogo ЗдравствоLogo МериотLogo EULogo Swiss redcrossLogo Austrian red crossLogo ADALogo Министерство за здравствоLogo ZSDLogo МТСПLogo RamstoreMallLogo A1Logo Комерцијална Банка АД СкопјеLogo Telekom