Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
ЈП „Јасен“ се заблагодари на Црвениот крст

2025-09-12

ЈП „Јасен“ се заблагодари на Црвениот крст

Една од најголемите награди за нас е признанието за нашата работа. Денес, Црвениот крст на Република Северна Македонија, заедно со поединци од стручната служба, беа почестени со благодарници од Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменското подрачје „Јасен“ – Скопје.

Оваа благодарност е признание за сите наши професионални служби, волонтери и поединци кои со својата храброст и несебичност покажаа што значи солидарност во најтешките моменти, давајќи огромен придонес за време на неодамнешните пожари.

Горди сме на нашата мисија и на сите што нè поддржаа. Вашата доверба е наша најголема мотивација!