Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Јубилејни признанија за градоначалниците на Кавадарци и Росоман од Црвениот крст

2025-06-04

Јубилејни признанија за градоначалниците на Кавадарци и Росоман од Црвениот крст

По повод 80 години од основањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија, на 3 јуни 2025 година во Кавадарци се одржа свечен настан посветен на хуманоста, солидарноста и општествената одговорност.

Настанот беше можност да се оддаде признание на сите кои долги години несебично ја поддржуваат мисијата на Црвениот крст. Меѓу нив, со јубилејни признанија беа одликувани градоначалниците на Кавадарци и Росоман – Митко Јанчев и Стојан Николов – за нивниот придонес и континуирана соработка со оваа хуманитарна организација.

Свеченоста ја отвори генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити, кој ја истакна клучната улога на локалната самоуправа во развојот и поддршката на хуманитарните активности. Тој посебно ја нагласи успешната соработка со општините Кавадарци и Росоман, која претставува пример за активно и одговорно учество во заедницата.

Настанот беше збогатен со присуство на волонтери, претставници на институции и граѓани, кои уште еднаш ја потврдија важноста на заедништвото и солидарноста во создавање подобро општество.